ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.10.2022
(Видео) Тројца научници ја добија нобеловата награда за физика
Автор: Goce Author

Академијата на науките на Шведска ја додели нобеловата награда за физика на Алан Аспект. Џон Клаузер и Антон Зелингер.

Тие ја добија наградата „за експерименти со заплеткани фотони, утврдување на прекршувања на Беловите нееднаквости и пионерска квантна информатичка наука“.

© Johan Jarnestad/The Royal Swedish Academy of Sciences

Ален Аспект, Џон Клаузер и Антон Цајлингер спроведоа револуционерни експерименти користејќи заплеткани квантни состојби, каде што две честички се однесуваат како една единица дури и кога се разделени.

„Ефектите на квантната механика започнуваат да наоѓаат своја примена. Сега постои широко поле на истражувања кои користат квантни компјутери, квантни мрежи и безбедни квантни енкриптирани комуникации. Еден од главните фактори на овој развој е тоа како квантната механика дозволува две или повеќе честички да постојат во она што е наречено „испреплетена состојба“. Она што се случува на една од честичките во испреплетениот пар одредува и она што ќе се случи на другата честичка, дури и ако се многу далеку“, наведуваат од Нобеловиот комитет.

Ill. Niklas Elmehed © Nobel Prize Outreach

Тројцата физичари покрај признанието ќе поделат и парична награда од 10 милиони шведски круни, односно околу 1 милион евра. Доделувањето на наградите се пренесува во живо. Во продолжение доделувањето на награта за физика.

 

 

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање