
На осумнаесеттото издание на Скопскиот Виз Ер маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат од Етиопија со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а на пиедесталот се искачи и Никола Илиевски со време од 02:43:28.
Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши Билјана Кираџиева со време од 03:04:49 и третото место го освои Тамара Попов со време од 03:23:00.
Над 8500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот ги исполнија скопските улици во прекрасна спортска атмосфера, позитивен дух и многу радост, кои што беа вистинска инспирација за навивачките групи долж рутата на најмасовната спортска манифестација во Македонија. Преку видео ви пренесуваме дел од атмосферата на Скопскиот маратон.