ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.11.2021
Видете дали сте добитник на студентска стипендија

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2021/22 година, за сите категории врз основа на кои студент може да добие стипендија. Стипендиите се поделени во 4 категории, а нивната висина се движи од 5000 до 18000 на месечно ниво.

Во првата рупа се студентите запишани на високообразовните институции во академската 2021 -2022 година, и тие ќе добиваат по 6050 денари месечно. Истата сума ќе ја добиваат и студентите кои конкурирале врз основа на постигнатиот успех, или талентираност, потоа на ИТ студии, како и на Македонски јазик, Македонска книжевност и Јужнословенска книжевност, и тое се во втората група на стипоендии.

Во третата група се студентите запишани на природно математички, техничко-технолошките, биотехемиските и медицинските науки, тие ќе добиваат по 6050 денари. Највисока стипендија ќе добиваат студентите запишани на математика, хемија и физика – 18.000 денари.

Во 4 група на стипендии се студентите запишани на факултетите за образување на наставен кадар во предучилишно воспитание, односвното и средното образование, кои ќе добиваат по 6050 денари месечно, како и студенти – роми, кои ќе добиваат по 5000 месечно.

Листите на студенти кои добиваат стипендии по сите основи можат да се најдат на следниот линк:

Резултати од Конкурс за студентски стипендии

Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник 30.11.2021 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија.

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. 

Сите незадоволни кандидати може да достават приговор на studentski.stipendii@mon.gov.mk

Здравствени политики за сите
Институционалното насилство врз трансродовите лица сериозен проблем