
Сакаш да патуваш, да се дружиш со млади од цела Европа и да решаваш реални предизвици поврзани со одржливост? Оваа среда, на 21 мај во 14:00 часот имаш шанса да дознаеш се за ова на едно виртуелно кафе што може да ти го смени животот!
🔗 Кликни за да се приклучиш на Zoom сесијата
Оваа средба е дел од ACE²-EU алијансата, а е наменета за сите студенти што сакаат да бидат дел од Applied Blended Challenge Programs (ABCs) – кои ќе се одржат оваа есен во Инголштат, Германија, во истата недела со културниот фестивал Kaleidoskop!
👉 Што ќе дознаеш на ова виртуелно кафе?
Настанот е совршена можност за сите млади што сакаат да стекнат меѓународно искуство, нови вештини и контакти, но и да научат како да ги искористат европските програми за мобилност.