ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.05.2025
Виртуелното Кафе на ACE²-EU –Прилика за мобилност и меѓународно искуство за студенти

Сакаш да патуваш, да се дружиш со млади од цела Европа и да решаваш реални предизвици поврзани со одржливост? Оваа среда, на 21 мај во 14:00 часот имаш шанса да дознаеш се за ова на едно виртуелно кафе што може да ти го смени животот!

🔗 Кликни за да се приклучиш на Zoom сесијата

Оваа средба е дел од ACE²-EU алијансата, а е наменета за сите студенти што сакаат да бидат дел од Applied Blended Challenge Programs (ABCs) – кои ќе се одржат оваа есен во Инголштат, Германија, во истата недела со културниот фестивал Kaleidoskop!

👉 Што ќе дознаеш на ова виртуелно кафе?

  • Како да се пријавиш за студентска мобилност ✈️
  • Кои трошоци ти се покриени 💸
  • Како да добиеш ECTS кредити и сертификат за учество 🎓
  • Што точно те очекува ако се вклучиш во ABCs оваа есен 🌱

Настанот е совршена можност за сите млади што сакаат да стекнат меѓународно искуство, нови вештини и контакти, но и да научат како да ги искористат европските програми за мобилност.

 

 

Инклузијата на децата во училиштата не е избор, туку обврска
Над 50% од раководните позиции во Министерството за одбрана се жени