ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.08.2024
Високото образование под лупа – владата ќе анализира како се работи
Автор: Goce Author

Национално координативно тело за реформи во високото образование ќе ја анализира работата на државните и приватните унверзитети.

Владата го задолжи МОН за формирање на Национално координативно тело за реформи во високото образование, наука истражување и развој чија задача ќе биде анализа на високото образование, и работата на високо научните институции со цел да се воспоставува ред и законито работење.

Според најавите, ако ова координативно тело утврди недостатоци, ќе треба во одреден рок да се отстранат. Ако не се случи тоа, можно е и одземање на дозволите за работа. Тоа го најави и  премиерот Христијан Мицкоски.

Ако се констатираат недостатоци, ќе им биде даден „разумен рок“ за да ги отстранат, но ако тоа не го направат, ќе бидат затворени односно ќе им биде одземена дозволата за работа. Ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат, ќе мора да затворат. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја изгубат лиценцата, акредитацијата, изјави  Мицкоски, истакнувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување ред во установите.

На образованието му требаат големи инвестиции

Како што рече, се срами од тоа што негови колеги од соседството му се пожалиле поради проблемите што ги имаат со дипломите добиени „преку ноќ“ во нашава земја, и затоа, рече, не може да дозволи тоа повеќе да се случува.

-Се срамам на две места каде што бев, и во Вашингтон и во Лондон, каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите ми кажаа – од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добиваат. Тоа мора да се смени, истакна Мицкоски.

Јазикот не поврзаува со светот
Реформа во Агенцијата за квалитет во високо образование