ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.01.2022
Влада – изолацијата се намалува на 7 дена

Владата на Република Северна Македонија  донесе одлука за намалување на периодот на изолацијата за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.

Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање).

За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.

Photo by Erik Mclean on Unsplash

Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

ЕУ подготвува нов модел за патување во пандемијата

Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми:

  • Вакцинирани со КОВИД-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;
  • Прележани со КОВИД-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;
  • Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.

Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?