ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.10.2022
Владимир Путин има најмалку три двојници?
Автор: Goce Author

Шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, изјави дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин има двојници кои се појавуваат наместо него на одредени настани.

Буданов во интервју за украинските медиуми изјави дека експертите кои работат во украинската разузнавачка служба проценуваат дека Владимир Путин има најмалку три вакви двојници.

Владимир Путин

„Имаме специјалисти за вакви работи. Лично, јас не сум експерт за Путин. Сепак, мислам дека има точно три двојници што можам веднаш да ги препознаам. Веројатно ги има и повеќе“, рече Буданов.

Во текот на претходните месеци украинските власти тврдеа дека Кремљ ги користи овие двојници на Путин во одредени настани.

Имаат различни навики, различни манири, различно одат, а не се со иста висина“, изјави претходно Буданов.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање