ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.03.2023
Влатко Стефановски донираше музички материјали на УГД

Влатко Стефановски, фронтменот на легендарните „Леб и Сол“, донираше дел од својата приватна колекција на плочи, музички списанија и книги на Музичката академија на УГД.

Неговото појавување на Свечената академија по повод 16 години УГД, каде прими признание за соработката која ја има, беше проследено со овации од присутните. Пред неколку години, едно од најреномираните имиња на македонската музичка сцена, со кариера која ги надминува границите и на некогашната заедничка држава, имаше и настап и мастер клас на УГД , заедно со Мирослав Тадиќ.

За Штип го врзуваат многу спомени, вели Стефановски – служел војска овде, има многу пријатели, како поврзани со музиката, така и воопшто, а во моментот и неговиот син, Јан е дел од Музичката академија на УГД.

Со УГД се зближив преку Тони Китановски, а овој универзитет ме предложи за Државна награда. Јас тоа не можам да го заборавам – вели Влатко Стефановски. Верува дека и во иднина ќе има прилика да се продлабочи соработката и меѓусебниот респект кој го имаат Влатко Стефановски и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Животната средина во Македонија загрозена од сите аспекти
17 години УГД – темелна работа во интерес на студентите