ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.08.2023
Внимателно! Палењето огнови на отворено може да предизвика пожар со катастрофални последици
Автор: Goce Author

Кочанските доброволни пожарникари од ДПД – Кочани кои учествуваа во гаснењето на големиот пожар на територија на три општини Чешиново- Облешево, Кочани и Пробиштип упатија апел до неодговорните граѓани да не палат оган на отворено и стрништа, бидејќи загрозуваат нечии домови, но се трошат и човечки и материјални ресурси на локалните и државни институции.

Photo by Matt Chesin on Unsplash

Претседателот на ДПД – Кочани Златко Илијев вели дека во гаснењето беа вклучени 12 доброволни пожарникари, со три возила.

-Сакам да порачам дека ова е втор голем пожар на истата локација и упатувам апел до сите несовесни граѓани, морам да напоменам несовесни граѓани, кои сметаат дека со палење ќе си ја завршат својата лична работа, притоа не сметајќи колкави се загубите кои ги прават, колку луѓе се ангажираат, колку го загрозуваат био и животинскиот свет. Мислам дека ова е крајно несериозно и треба да завршиме со ова тука и сега. Ве замолувам најдете алтернативни решенија за да не се загрозуваме ниту ние, ниту животинскиот и био свет, изјави Илијев.

Посочи дека на помош им дошле и доброволните пожарникари од Пехчево. Кочани, 26 август 2023 (МИА)

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?