ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.01.2023
Во 2022 убиени 86 новинари, 31 повеќе од 2021
Автор: Goce Author

По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот се искачи на 86 минатата година, од 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, објави организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО.

Повеќе од половина од убиствата се случиле во Латинска Америка и на Карибите, додека повеќето новинари биле убиени во Мексико, а потоа во Украина и Хаити.

Половина од новинарите се убиени додека не биле на должност

„Властите мора да ги удвојат своите напори за да ги запрат овие злосторства и да се погрижат напаѓачите да бидат казнети бидејќи рамнодушноста е голем фактор во оваа клима на насилство“, рече генералниот секретар на УНЕСКО Одри Азулеј.

Македонија и слободата на медиумите-подобри,а пак проблематични!

Бројот на убиени медиумски работници опадна во периодот од 2018 до 2021 година, а сега повторно е во пораст. Половина од новинарите не се убиени на должност, туку на патување или во своите домови, соопшти УНЕСКО. Ова покажува дека нема безбедно место за новинарите, ниту во слободното време, се вели во извештајот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?