
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека од следната година, според законската пресметка, минималната плата ќе се зголеми од 20.000 на 25.000 денари.
Просечната нето плата близу 36.400, а бруто близу 54.600 денари
„Најниската плата во земјава од март 2024 година минимум 22.500 денари! Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година“, соопшти Бектеши на социјалните мрежи.

Претходно и вицепремиерот Фатмир Битиќи соопшти дека минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.
Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година. Вредноста на Синдикалната минимална потрошувачка за октомври 2023 година изнесува 46.198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најголем дел од потрошувачката, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта
Автори: Климент Трајков, Антониа Симјоновска и Меланија Панева