ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.01.2022
Во Хрватска учениците ќе се тестираат секој понеделник

Поради огромниот број новозаразени во Хрватска, за десет дена ќе почне да се применува нова одлука за да се тестираат учениците. Имено, тие ќе треба да се тестираат пред училиште.

Според хрватските медиуми, учениците ќе треба да се тестираат во понеделник, дома, со антигенски тестови, односно пред да тргнат на училиште.

Фото: telegram.hr

Сè поголем број заразени луѓе прават проблеми и во училиштата, па се повеќе часови завршуваат во изолација, а никој во Хрватска не е задоволен од учењето на далечина.

За тоа во вторникот зборуваше и премиерот Андреј Пленковиќ. „За среќа во несреќата гледаме дека здравствениот систем работи. Сакајќи да имаме што повеќе деца во училниците, мислам дека ваквото решение каде што би имало тестирање би било соодветно“, рече премиерот.

Истото го велат и во хрватското Министерството за образованиe од каде неофицијално потврдија како се разговара за моделите и можностите за примена на тестирањето. Целта е целосно укинување на самоизолацијата, на што се работи и во другите европски земји, како што е Белгија.

Новата концепција за матура од догодина – годинава полагање како и лани!

Тестирањето на децата би можело да започне за десетина дена, така што само оние ученици кои се заразени треба да бидат во изолација. Сега училиштата треба да бидат опремени со тестови, а околу 30.000 ученици во Хрватска моментално се во изолација. Има 255 основни и средни училишта во целосна онлајн настава, најмногу во Осиек-Барањската округ

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието