На страницата на Инстаграм Geographic Corner беше споделена интересна мапа која покажува кои всушност се најголемите пивопијци во регионот.
Страницата Географски агол секојдневно споделува интересни податоци и инфографици поврзани со географски податоци со земји од светот и регионите.
„Бидејќи најмалку половина од годишниот просек веројатно ќе се испие во наредните денови, вистинското време е за оваа карта“, велат тие со објавата.
На картата е прикажан бројот на испиени литри по глава на жител годишно, а на прво место меѓу земјите од поранешна Југославија е Хрватска, каде годишно се трошат 72,1 литар пиво по жител.
На второ место е Словенија, каде во просек годишно се пијат 69,7 литри по жител. По неа следи Црна Гора со 67,4 литри во просек.
На четврто место е Босна и Херцеговина со 63,7 литри по жител. Србија е претпоследна со 62,2 литри по жител, а убедливо најмалку пиво во регионот пијат Македонците кои просечно пијат само 33,5 литри годишно.