ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.08.2023
Во Македонија 13.7 % деца родени во вонбрачни заедници
Автор: Goce Author

Во Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак. Ова го покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13,0%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7, а во Бугарија 59,9 отсто.

Речиси во цела Северна и Западна Европа, поголемиот број од децата биле родени надвор од брак. Процентот на вонбрачни деца е највисок во Исланд (69,4%), во Франција (63,5%) и во Португалија (60,0%).

„Бејби бум„ генерацијата се повеќе се разведува

Во повеќето земји од Источна Европа, тој број е под 30 проценти, а убедливо највисок е во Бугарија (59,9%) и во Чешка (48,5%).

„Ландгеист“ забележува дека продолжува трендот на намалување на стапките на бракови, особено во Северна и Западна Европа, што резултира и со раѓање на бебиња од родители кои не се во брак или во граѓанско партнерство.

Извор: МИА

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?