
Градењето на згради и индивидуални објекти за домување е во подем во Македонија. Особено се во подем становите и цените за истите. Цените вртоглаво растат додека во исто време бројката на станови исто така расте. И покрај тоа што тоа е спротивно на пазарната логика, ете во Македонија цената за метар квадратен достигнува и до 3000 евра во Скопје.

Photo by Saru Robert on Unsplash
Според последните статистички податоци од Пописот 2021 година во Македонија има енормно поголем број на станови од број на домаќинства.
Број на станови: 839 174
Број на домаќинства: 598 632
По градови оваа бројка исто така не е поразлична. Речиси во секој поголем град или општина има повеќе станови од што има домаќинства.
Скопје: Домаќинства – 171 171 , а станови – 213 850
Битола: Домаќинства – 30 154, а станови – 43 724
Струмица: Домаќинства – 17 400, а станови – 24 621
Тетово: Домаќинства – 23 848, а станови – 30 167