ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2022
Во Македонија има 1.83 милиони жители, а 1.75 милиони корисници на интернет?
Автор: Goce Editor

Вкупното население во Македонија е 1.84 милиони жители. Од прилика 50 – 50 се мажи и жени. Просечната возраст на населението во Северна Македонија е 39 години.

Интересно е што според сите анализи на релевантни дигитални бази на податоци, Македонија има 1.75 милиони корисници на интернет (https://datareportal.com/reports/digital-2022-north-macedonia )

Фото: unsplash.com

Анализата на ,,Kepios’’ покажува дека корисниците на интернет и  социјалните медиуми во С. Македонија се зголемиле за 150 илјади (+12,5%) во 2022 година.

Податоците објавени од самата компанија „Мета“ покажуваат дека ,,Фејсбук’’ имал 945,1 илјади корисници во Македонија на почетокот на 2022 година.

Додека ,,Инстаграм’’ имал 809,4 илјади корисници од С. Македонија на почетокот на 2022 година.

Според оваа актуелна статистика се покажува дека во Македонија 95,6% од населението се корисници на интернет.

Според статистиката на Светска Банка Македонија е лидер во интернет корисниците во регионот, а и меѓу најдобрите во светот.

За споредба Србија има 78,3% корисници на интернет, Хрватска 78,32%, Грција 78,12%, државата со која одиме „во пакет“ во ЕУ, Албанија има 72,2% од жителите корисници на интернет. Бугарија има 70,16% од жителите корисници на интернет. Овие податоци на светска банка се од 2020 година, па тука Македонија има 81,4% корисници на интернет, но веројатно со податоците од новиот попис таа бројка треба дојде на 95,6% – повеќе од Британија, Шведска, Швајцарија, Јапонија итн.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите