ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.03.2022
Во Македонија има 344 Југословени и 355 атеисти

Во Македонија невообичаено мал број на атеисти и југословени. Според пописот има многу мал број на атеисти за разлика од просекот во земјите од Европската Унија. Според актуелниот попис во Македонија само 0.02% од населението не се верници. Тој процент во земјите од ЕУ изнесува околу 9%.

Невообичаен процент има и кај оние кои се изјасниле како Агностици. Тој процент во Македонија е 0.11, за разлика од просекот во земјите од ЕУ кој изнесува околу 17%.

Интересно е и тоа што во пописот на населението во Македонија христијанската религија ја има како посебна графа, а потоа има и Православни, Протестанти и Католици. Иако сите овие спаѓаат во Христијанската религија македонската статистичка методологија прави разграничување меѓу Христијани и Православни на пример.

Интересно во пописот е што 344 наши сограѓани се уште се чувствуваат Југословени. Југославија не постои повеќе од 30 години, но чувството на припадност се уште постои кај граѓаните во некои од државите кои беа дел од поранешната заедничка држава. Според последните податоци Југословени во Босна и Херцеговина се изјасниле 2.507 граѓани, во Хрватска 331, во Црна Гора 1.154 граѓани, во Србија 23.303 и во Словенија 527 граѓани. И после 30 години 28 илјади граѓани се уште се чувствуваат Југословени.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање