ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.04.2025
Во недела, 27 април, трето издание на „Супериор ранс-Стани, трчај“

Здружението на граѓани „Супериор Ранс – Стани, Трчај Штип“ заеднички со Општина Штип ја иницираат по трет пат спортска манифестација во градот – градска трка на рамна патека, Супериор Ранс 2025 трка на 5 и 10 км.

Овој спортско-рекреативен настан, насловен „Superior Runs 5k & 10k; е од  општествено-одговорен карактер, а организацискиот концепт, покрај забавна програма вклучува и натпреварувачки дел. Во негови рамки, неколку стотици спортисти, рекреативци и љубители на спортот, ќе се натпреваруваат во трка на 5 и 10 километри. Натпреварувачкиот карактер на настанот е конципиран со цел да поттикне мотивација за правилните спортски вредности и да ја крене свесноста околу круцијалното влијание на физичката активност врз индивидуалното и колективнотото здравје.

Трката „Superior Runs 5k & 10k“ ќе се одржи на 27 април, а целта на организаторот е овој мултиконцептуален настан да прерасне во традиција на градот, која на достоен начин ќе ги промовира не само спортските, туку и културните и историските атрибути на Штип, како центар на македонскиот Исток.

Изменет режим на сообраќај на 27 април поради Супериор Ранс

На наше огромно задоволство, оваа финална подготвителна фаза на спортската манифестација, ја заокружуваме со над 1300 пријавени учесници, 200 волонтери и илјадници посетители подржувачи,  во чии редови, покрај нашите почитувани сограѓани, се вбројуваат и гости од други градови, но и надвор од границите на Македонија.

Нашетограѓанско здружение, поддржано од компанијата Супериор Глобал Сервис како генерален спонзор, општина Штип како коорганизатор и голем број локални компании кој подржаа овој настан уште од самиот почеток, го инициравме овој значаен спортски евент со голем ентузијазам и верба дека истиот ќе прерасне во една убава штипска традиција, во спортски празник на градот кој би станал достоен репрезент на богатата спортска историја на Штип, истовремено следејќи ги најсовремените пракси во делот на организацискиот спортски менаџмент во глобални рамки“ Во име на Здружението упатуваме масовна покана до сите сограѓани, со своето присуство да бидат додадена вредност на настанот, чија програмската агенда, покрај спортски дел, содржи и сценска интерактивна програма, со забавен и музички репертоар – вели Дејан Ѓошев, Претседател на Здружението на граѓани „Супериор Ранс – Стани, трчај“.

Супериор Ранс стартува во недела во 10 часот

Ова е одлична можност за штипјани уште еднаш да ја афирмираат својата улога на добри домаќини и да ги докажат своите организациски способности и на полето на големи спортски ивенти на отворено. На 27 април, со почеток во 10:00 часот, да ги пречекаат и бодрат тркачките долж коритото на реката Отиња.

(Видео) Првата градска трка во Штип видена од воздух

Во рамки на целокупниот организациски концепт на „Superior Runs 5k & 10k ;, е вклопен и промотивен аспект на природните убавини и децениските културни наследства на Штип, па дел од тркачката траекторија ги опфаќа убавите пејзажи на штипско Ново село, прочуените Л’џи и автентичната староградска архитектура.

Организаторите упатуваат и известување до сите граѓани на Штип, пешаци и учесници во сообраќајот, дека за време на трката ќе има измена на режим на сообраќајот во период од 10:00 ч до 13:00 ч во Недела на 27 Април. Стартот на трката започнува во центарот на Штип, се движи по “кеј Маршал Тито”, каде накај излезот од Штип се прави полукружно свртување  и по ул. “Васил Главинов” се враќа назад и прродолжува по ул. “Генерал Михајло Апостолски” до ул. “Христијан Тодоровски Карпош” од каде пак се враќа на Стартот/Целта.

 

Истражувања: ​Преку 95% од обложувачите на спортска долгорочно се во загуба
Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина