ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.01.2022
Во овој кафез сум девет години, вие се јавувате и ме прашувате за Ѓоковиќ
Автор: Goce Editor

Мехди Али е еден од мигрантите кои се сместени во хотелот за имигранти каде што е сместен и Новак Ѓоковиќ. Мехди на социјалните мрежи напиша дека му е жал за тоа што никого не го интересира нивната судбина, туку сите им се јавуваат да прашуваат како е нивниот сосед, тенисерот Новак.

„Тажно е тоа што многу новинари ме контактираа да ме прашаат за Новак Ѓоковиќ. Во овој кафез сум веќе девет години и денеска наполнив 24, а вие божем сакате да направите сторија за мене, а веднаш потоа, во следното прашање, барате информации за Новак Ѓоковиќ“, напиша Али на својот Твитер профил.

Тој во Австралија стигнал во обид да најде прибежиште од Иран, каде бил жртва на прогон како припадник на арапското малцинство во Ахвази. Стигнал во Австралија на 15 години. Со брод од Џакарта се упатил кон Австралија. Бродот бил запрен од австралиските власти. Патниците биле пренесени во фабрика на Божикниот остров, австралиска територија која се наоѓа близу до брегот на Индонезија. Таму бил 90 дена, по што бил одведен во имиграциски логор на островот Науру. По шест години, заради медицински третман, бил пренесен во Мелбурн и од 2019 година е притворен во Хотелот Парк Карлтон. Вели дека не е криминалец, ниту некогаш го прекршил законот.

Али: Баравме безбедност, а ни дадоа затвор

„Полека стареам. Тажен сум затоа што моите тенејџерски денови минаа на ваков начин. Не сакам одовде да заминам како средовечен, со изгубени години. Гледам како млади луѓе се забавуваат, постираат разни работи на социјалните мрежи, а јас сум далеку од сето тоа. Овде сум и натаму, секој ден. Посебно ми е тешко на родендените. Тогаш размислувам за изгубеното време. Не се случува ништо ново во врска со мојот статус, нема информации, нема рокови, гаранции. Многумина беа пуштени, само мене и натаму ме држат овде. Зошто?, вели Мехди.

Инаку денес австралиските гранични служби ѝ ја укинаа визата и на чешката тенисерка Рената Ворачова. Таа сега ќе биде подложена на истата процедура како Новак Ѓоковиќ и ќе биде префрлена во хотелот за мигранти.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието