
Вкупно 15.705 ученици се запишаа во средните училиштга, во двата рока за пријавување во јуни. Повеќе од половината се пријавија за средно стручно образование, со што продолжува трендот на интерес за овие средни училишта.

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше од 16 до 17 јуни. Второто пријавување од 23 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата 24 јуни до 15:00 часот 2026 година. Ранг листи се објавија на 25 јуни 2026 година во 12:00 часот.
Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување добиени се следните податоци:
Во првото пријавување вкупно се пријавија 15 075 ученици од кои вкупно се запишаа 13 423 ученици (по направена селекција во уметничко образование) и тоа:
9 839 ученици за настава на македонски наставен јазик,
3 357 ученици за настава на албански наставен јазик,
213 ученици за настава на турски наставен јазик и
14 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во второто пријавување вкупно се пријавија 2 927 ученици од кои:
1 457 ученици за настава на македонски наставен јазик;
1 369 ученици за настава на албански наставен јазик;
101 ученици за настава на турски наставен јазик и
Во двете пријавување вкупно се запишаа 15 705 ученици од кои:
11 171 ученици за настава на македонски наставен јазик;
4 241 ученици за настава на албански наставен јазик;
279 ученици за настава на турски наставен јазик и
14 ученици за настава на српски наставен јазик.
Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно:
4 653 ученици во гимназиско образование
10 823 ученици во стручно образование
Спортска академија се запишаа 229 ученици.
Во уметничкото образование сеуште не е завршен процесот на селекција.