ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.07.2025
Во студентските домови слободни 4264 места
Автор: Goce Author

МОН го објави Конкурсот за сместување на студенти во приватните и државните студентски домови за студиската 2025/2026 година.

Во вкупно 11 студентски домови има слободни 4264 места, од кои 851 е за студенти од прва година, а 3413 за студентите од останатите студиски годин и и за апсоолвенти.

40 % од местата ќе бидат наменети за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Македонија. Овде спаѓаат:

– деца без родители и родителска грижа,

– со посебни потреби,

– деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош,

– на самохран родител,

– деца на невработени родители и

– на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.

Во оваа група спаѓаат и студенти за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата утврдена во Македонија и тоа за студенти:

– деца без родители и родителска грижа,

– со посебни потреби,

– деца на самохран родител,

– на невработени родители

– деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.

Студентските домови подготвени за новите станари

25% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето.

35% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за редовни студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Македонија кои не припаѓаат во претходните категории.

Условите за прием во студентските домови се објавени во Конкурсот, објавен на страната на МОН.

Студентите од УКИМ бараат лифтови, топла вода и подобри услови во домовите

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.07.2025 година и трае до 31.07.2025 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.09.2025 година и трае до 17.09.2025 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2025 година.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?