Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Националниот младински совет на Македонија ја доделуваат овогодинешната Награда за
младинско учество. Годинава наградата се
доделува во три категории.
Првата категорија е индивидуална категорија, која што ќе се додели на млади лица на возраст 15-29. Вторта категорија е за неформални групи на млади, кои што се сочитнуваат од најмалку 3 членови. И третата категорија е за младински организации.Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.
Во индивидуалната категорија за млади номинирани се Леонтина Трајкоска, Калина Чакареска и Игор Јосифоски.
Во категоријата за неформална група за млади номинирани се Support Kochani, Period Skopje и КомшиLOOK.
И во категоријата младински организации номинирани се Сојуз за Извидници на Македонија, Институтот „Пулсот на Демократијата“ Куманово, и Ценатрот за истражувања и анализи НОВУС.Гласањето официјално ќе заврши на 31 јули 2025, 23:59ч.
Можеби ќе ве интересира