ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.03.2022
Во училиште без маски, кафе ќе се пие без сертификати
Автор: Goce Author

Учениците ќе бидат во училиште без маски, кафе ќе се пие во угостителските објекти на отворено без да се бараат сертификати. Ова се дел од препораките кои ги прифати Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19, а беа предложени од Комисијата за заразни болести.

Image by <a href="https://pixabay.com/users/educadormarcossv-5883596/?utm_source=link-attribution&utm_medium=referral&utm_campaign=image&utm_content=5760039">Marcos Cola</a> from <a href="https://pixabay.com/?utm_source=link-attribution&utm_medium=referral&utm_campaign=image&utm_content=5760039">Pixabay</a>

За наставниците и вработените останува мерката да носат маски, додека учениците ќе ја следат наставата без маски, освен доколку сами не одлучат дека сакаат да носат маски.

„Кризниот штаб донесе заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар“, изјавиле од Владата.

Кризниот штаб до Владата ќе упати и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација на студентите и на образовниот кадар.

Истражување: Како лажните вести лесно создадоа страв кај младите од вакцините?

За затворените делови од угостителските објекти останува мерката да се бара задолжително сертификат за вакцинација или документ за прележан Ковид 19 додека летните тераси и отворените делови на објектите ќе може да ги посетуваат и оние кои не се вакцинирани.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?