
Photo by Vincenzo Landino on Unsplash
Италијанските власти најавија дека ќе воведат ограничувања на бројот на дозволенo присуство на луѓе во Венеција, во обид да го намалат масовниот туризам во градот.
Досега податоците покажуваат дека досега околу 100.000 туристи секојдневно можеле да се шетаат низ градските плоштади. Сепак, за неколку недели веќе нема да можат слободно да го обиколуваат градот.
Имено, патниците ќе можат да го посетат градот само доколку онлајн го резервираат билетот во износ од пет евра, а билетите ќе важат само еден ден за да се ограничи бројот на влезови.
„Целта е да се обесхрабри еднодневниот туризам, hit – and – run туризмот, пристигнувања и заминувања во ист ден, замор и стрес за градот, а наместо тоа сакаме да поттикнеме побавен туризам“, објасни Симоне Вентурини, заменик градоначалник.
Петстотини камери ќе ги следат посетителите, постојано емитувајќи слики од улиците во потрага по туристи скитници, а полицијата ќе може и во реално време да го утврдува идентитетот на луѓето благодарение на податоците од мобилните телефони.
„Ако ги внесеме податоците во збирна анонимна форма, можеме да видиме кои се овие луѓе: 977 странци, 800 Италијанци, 135 жители и 139 патници“, рече Марија Тереза Маниеро, заменик командант на венецијанската полиција.
Photo by Rebe Adelaida on Unsplash
Сепак, системот е исто така поставен за да им овозможи на локалните жители слободно да се движат.
Туристичка такса и начин да се ограничи влезот во популарниот град се планира од 2019 година, но нејзиното воведување е одложено поради различни причини, вклучително и пандемијата.
Иако датумот за воведување на таксата допрва треба да се објави, се очекува тоа да се случи за неколку недели.
Минатото лето Венеција го забрани пристигнувањето на крстосувачите во венецијанската лагуна со цел да го задржи статусот на листата на светско наследство на УНЕСКО.