
Лука Змејковски, млад кик – боксер од Виница уште еднаш ја потврди својата вредност, освојувајќи бронзен медал на Европското првенство кое се одржа во Италија.

Младиот виничанец беше блиску до пласман во финалето, но во категоријата над 81 килограм загуби по пркеин од Гркот Јоанис Амануилидис.
На Европското првенство за млади во Лидо Ди Јесоло, покрај Змејковски, бронза освои и Марија Димовска.
Во Виница беше организиран и пречек за младиот кик – боксер. Ова беше признание од градот за врвните резултати што Лука континуирано ги постигнува на домашната и меѓународната спортска сцена.

Член на клубот „Лидер“ и трениран од искусниот тренер Дарко Гоцевски, Лука Змејковски е еден од најперспективните млади спортисти во Македонија. Во последните неколку години, неговите настапи се редат со медали и признанија, што го вбројува меѓу најуспешните млади кик-боксери во земјата.
Досега Лука Змејковски има освојувано повеќе медали, а во два наврати – 2023 и 2024 беше избран и за спортист на Виница.