ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.06.2023
Во вториот рок за пријавување во средно 23.903 слободни места
Автор: Goce Author

Во првото пријавување во средните училишта вкупно се пријавија 16 007 ученици, а се запишаа 12.996. Слободни места за второто пријавување на 27 и 29 јуни има за 23.903 ученици.

Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година.

Фото: Миа

Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификационо тестирање ќе се објават на 26 јуни 2023 година.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 29 јуни 2023 година до 10:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Електронско аплицирање за упис во средно училиште

Во првото пријавување пријавени 16.007, запишани 12.996 ученици

Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 007 ученици од кои:

  • 11 205 ученик за настава на македонски наставен јазик,
  • 4 474 ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 322 ученици за настава на турски наставен јазик и
  • 6 ученици за настава на српски наставен јазик.

Од пријавените, вкупно се запишаа 12 996 ученици од кои:

  • 9 655 ученик за настава на македонски наставен јазик,
  • 3 101 ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 234 ученици за настава на турски наставен јазик и
  • 6 ученици за настава на српски наставен јазик.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:

  • 4 606 ученици во гимназиско образование
  • 8 235 ученици во стручно образование

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 23 903 ученици од кои:18 002 слободни места за настава на македонски наставен јазик.  5 227 слободни места за настава на албански наставен јазик. 612 слободни места за настава на турски наставен јазик и 62 слободни места на српски наставен јазик.

Слободни места по вид на образование за второ пријавување има:

  • во гимназиско образование 5 438 слободни места, а во стручно образование 18 059 слободни места.
(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?