
Во првото пријавување во средните училишта вкупно се пријавија 16 007 ученици, а се запишаа 12.996. Слободни места за второто пријавување на 27 и 29 јуни има за 23.903 ученици.
Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година.

Фото: Миа
Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификационо тестирање ќе се објават на 26 јуни 2023 година.
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 29 јуни 2023 година до 10:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 007 ученици од кои:
Од пријавените, вкупно се запишаа 12 996 ученици од кои:
Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:
Слободни места за второто пријавување има за вкупно 23 903 ученици од кои:18 002 слободни места за настава на македонски наставен јазик. 5 227 слободни места за настава на албански наставен јазик. 612 слободни места за настава на турски наставен јазик и 62 слободни места на српски наставен јазик.
Слободни места по вид на образование за второ пријавување има: