
Се одржува свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа на која ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.
Во рамки на свеченоста премиерот Ковачевски ќе положи и цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје” во дворот на Владата.
Европските земји исто така денеска ги слават Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во спомен на почетокот на Европската унија и крајот на Втората светска војна во Европа во 1945 година. Оваа година се одбележува 77 години од крајот на Втората светска војна и 72 години од започнувањето на Иницијативата на Европската Унија.
Во земјите на ЕУ Денот на Европа е од посебно значење како ден кој означи пресвртница во односите меѓу европските земји и го отвори патот за создавање заедница на држави на тој континент, додека во Русија фокусот е ставен врз прославата на Победата.