М-р Киро Јорданов е наставник по Англиски јазик кој ги споделува своите искуства во образованието на своите колеги од Македонија. Четири години по ред наградуван со признанието Истакнат наставник на годината.
Неодамна од печат излезе неговата книга „Од компетентност до комплетност“, со поднаслов „Водич за преживување на наставници“.
Книгата добива одличен прием и многубројни позитивни критики од колегите и читателите.
Оваа книга е за сите чинители во образовниот процес, од наставници, идни наставници, и родители кои сакаат да дознаат повеќе за образовниот систем и образованието воопшто.
Теми на кои се задржува книгата се: Развивање на вештините на 21виот век, Инклузивно образование; Надарени ученици; Оценување; Алтернативни форми на настава; Управување со училницата, Технологија во образованието; Професионален развој на наставниците.
Ова се омилените книги на Томитка Раданлиева, која лани прочита 438
Киро Јорданов е наставник кој своето усовршување го добил на институции во САД, Британија, Израел и секако Македонија.
Промоцијата на книгата се случи неодамна во Штип, а рецензенти и промотори на книгата се Проф. д-р Снежана Мирасчиева и Проф. д-р Кирил Барбареев.