
Од анкетата која ја имавме на нашиот Инстаграм профил Goce.MK (@goce.mk) • Instagram photos and videos, дознавме дека голем дел од вас не успеале да се наспијат во текот на вечерта. Прочитајте како да успеете да го преживеете денот после уморна ноќ.

Photo by Laura Chouette on Unsplash
„Најголемата грешка која ја прават оние кои имаат проблем со спиењето е тоа што се обидуваат да останат подолго во кревет наутро.“ – вели Chad Ruoff професор по психологија на универзитетот „Stanford“. Слатките 5 минути по алармот го променуваат распоредот на денот и го отежнуваат спиењето навечер. Колку и да е примамливо да останете под топлото ќебе, вашето тело нема да реагира добро на одложување, а нема ни шефот.
„Природната светлина и свежиот воздух го калибрираат часовникот на телото до крајот на денот“ – вели доктор Michael A. Grandner, научен соработник во Центарот за спиење на Универзитетот во Пенсилванија. Почувствувајте ги зраците на сонцето наутро и свежиот воздух, оставете го телото да се наполни со енергија.

Photo by Isabella and Zsa Fischer on Unsplash
„Кофеинот привремено ги попречува сигналите за поспаност, па така сме повнимателни“ – вели Allison T. Siebern, доктор специјалист за спиење во Медицинскиот центар Stanford и професор по психијатрија и бихевиорална наука. Ако не пиете кафе, тогаш доволно е само да го вдишете мирисот на приготвено кафе од вашиот партнер, цимер, родител… Аромата која ја има кафето ја менува активноста во мозокот и го намалува стресот од недостаток на сон.
Голем дел од луѓето се будат дехидрирани, што е причина за уште поголем замор, а сепак мал процент пијат вода после будење. Пиењето на барем една чаша вода наутро ќе го намали заморот кој го имате. Друга навика која ќе ве натера да се чувствувате поодморени е да појадувате еден час по будењето. Раниот појадок ќе ви помогне да го наполните вашето тело со гориво, а наш предлог, е овесна каша која благодарение на сложените јаглехидрати дава бавна, ама сигурна доза на енергија.
Љубителите на кафе може да се справат со 400мг. кофеин дневно. Само внимавајте да не претерате со количината на кафе, па да добиете контра ефект кој ќе резултира со нервоза и раздразливост.
Го поминавте утрото прилично добро, ама веќе сте спремни за да загубите свест. „Истражувањата покажуваат дека дремка од половина час може да го надомести губењето на еден час од ноќниот сон и да ја подобри будноста и расположението“ – вели Clete A. Kushida, директор на центарот за Медицина за спиење при Универзитетот „Стенфорд“.
Денеска не е денот за гужва, галама и тежок ручек во некој ресторан. Дозволете си време само за себе и избегнете тешка храна која ќе ја замените со салата.

Photo by Vladislav Muslakov on Unsplash
Кога ќе почувствувате дека ќе добиете повторно криза за спиење, облечете ги вашите омилени патики и излезете надвор. Експериментите спроведени од психологот Robert Thayer откриваат дека брзата 10 минутна прошетка може да ја зголеми енергијата, а доколку сте и физички активни, тогаш ова е идеалното време за тоа.
Имате желба дека сакате да избегате од сите, нели? Избегајте и најдете место каде што ќе може да дишете длабоко и гласно, како да сте во некој цртан филм. „Звукот на длабокото дишење преку уста и издишување преку нос ќе ве натераат да се почуствувате како да сте завршиле со тренирање“ – вели Tara Stiles, јога тренер
„Ова време од денот е навистина опасно за оние кои не се наспани, а мора да заминат некаде со својот автомобил. “ – вели Rafael Pelayo, специјалист за спиење во Центарот за медицина на Универзитетот „Стенфорд“ и вонреден професор по психијатрија. Доколку се најдете во таква ситуација, подобро е да побарате некој да ве однесе до одреденото место.
Во овој период од вечерта не мора да правите ништо, едноставно треба да се опуштите.
Одете во кревет половина час порано од вообичаено. Тоа ќе ви помогне за да се разбудите полни со енергија следниот ден.