ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.12.2023
Волонтерите од Гевгелија – неизбежен дел од November Run
Автор: Goce Author

November run Gevgelija сигурно не би била така успешна како што е, ако во неа не се вклучени младите волонтери од Гевгелија

Најмасовниот спортски настан одржан во Гевгелија уличната трка насловена November run Gevgelija 2023 заврши во знакот на беспрекорната организација на настанот од страна на организаторот Атлетски клуб “7-ми Ноември” Гевгелија. Посебен белег на овој настан даде масовното учество на младите волонтери вклучени во организација на настанот.

Благодарение на волонтерската поддршка од  младите, Гевгелија блесна во вистински сјај а Гевгеличани се покажаа како добри домаќини, при што уште еднаш се потврди дека сите бариери може да се надминат со желба и мотивираност. Може да се каже дека извонредниот настан се одржа како резултат на посветеноста и ентузијазмот на младите волонтери.

November run Gevgelija беспрекорна благодарение и на волонтерите

За вклученоста на младите волонтери, нивната иницијатива и безрезервна поддршка разговараме со Тоше Анчев – основач и член во организациониот одбор на Атлетски клуб  “7ми Ноември” Гевгелија.

Тоше Анчев

“Годинашната трка која се карактеризира со учество на рекорден број учесници во сите категории(вкупно 2350 учесници), се организира успешно како резултат на младите волонтери без кои не може да се замисли одржување на така голем спортски настан.

Годинашната трка ќе биде запаметена не само по рекордниот број учесници-натпреварувачи туку и по рекордниот број млади волонтери( околу 80 волонтери)  кои несебично се вклучија во организацијата на училишната трка и  се покажаа во најдобро светло. Освен вклученоста на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Гевгелија со поддршка на овој спортски настан се вклучија и волонтерите  од Општинската организација на Црвен крст Валандово. Исто така во организација на настанот беа вклучени волонтери од СОУ “Јосиф Јосифовски”од Гевгелија,СОУ “Богданци”, како и членови од граѓански организации од Општина Гевгелија.”

Каде е најжешко? Се знае – Гевгелија

Која беше улогата на младите волонтери  во реализацијата на уличната трка November run Gevgelija 2023?

“Младите волонтери безрезервна поддршка дадоа на сите позиции, конкретно во пунктот за прва помош на стратната позиција, на поставените позиции-станици за вода и пунктовите за освежување  кои беа поставени на повеќе места, редарска служба но и на позицијата каде завршува трката,конкретно финиш позицијата за медали.

Волонтирањето носи пријателства, тимска работа, прекрасно искуство

Ангажманот на младите волонтери во организација на уличната трка во Гевгелија  претставува потврда за тоа дека градењето на тимскиот дух се префрли на терен, на улиците а младите секогаш треба да имаат можност да бидат вклучени и да ги креираат настаните кои придонесуваат за подобри промени во окружувањето во кое живеат. Секој кој има можност препорачувам да се вклучи, и пријави во клубот, при што е потребно да го  наведе временскиот период кога може да биде ангажиран.”

2350 учесници се пријавени на November Run во Гевгелија

За волонтирањето во реализација на трката поразговаравме со Нанчев Никола, студент во прва година на Факултетот за телекомуникации и пошти во Република Бугарија кој ни го пренесе неговото искуство.

“  Волонтирам веќе две години и секогаш кога имам можност се вклучувам во волонтерски активности. Во годинешната трка бев вклучен во обезбедување на патеката, при што помагав  во  местење на заштитните огради, но исто така учествував и во подготвувањето на стартните пакети кои беа збогатени со  разни подароци од спонзорите.

Ново искуство за мене беше и волонтирањето  како придружник во детската трка. Волонтирањето мене ми е интересно, пред се поради тимската работа, дружењето и склучувањето нови пријателства со луѓе со слични интереси, поради што топло препорачувам секој кој има можност да се вклучи.”

Автор: Надја Шопова

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?