Виторија, престолнина на Баскија е град со 50 метри квадратни зеленило по глава на жител (Лондон има 31, Барселона 17).
Пред неколку децении, кога многу европски градови градеа сè поголема мрежа на патишта, Виторија, град на северот на Шпанија, од асвалтот „одземаше“ зелени површини , создавајќи паркови и велосипедски патеки.
Градот се нарекува зелен прстен (anillo verde), а во 2012 година Европската комисија го прогласи за зелена престолнина. Има речиси 50 квадратни метри зелена површина по жител. За споредба, Барселона има 17, а Лондон 31.
Градот Виторија е главен град на Баскија во Шпанија и има 30 километри велосипедски патеки и паркови.
Широките, тивки авении со високи дрвја ги поврзуваат парковите, плоштадите и местата, формирајќи кружна оаза околу центарот на градот каде што главно нема автомобили, туку само трамваи. Доминантен звук е чврчорењето на птиците.
Како што повоена Шпанија премина од рурално во урбано општество, урбаното население се зголеми петкратно од 52.000 во 1950 година на 253.000 денес, со зголемена употреба на автомобили.
Како што наведуваат британските медиуми, луѓето кои го воделе градот во текот на седумдесеттите години на минатиот век донеле многу радикална одлука наместо сообраќајот да го промовираат шетањето низ центарот на градот.
View this post on Instagram
Идејата за создавање зелен прстен во градот се појавила во осумдесеттите, а работите започнале во раните деведесетти. Тогаш беа засадени 250.000 дрвја.
„Поттикот Виторија да стане зелен град дојде и од нејзините граѓани“, рече Родригез Рамахо, шеф на одделот за животна средина во градот.