
Мал број градови утринава измериле загаденост на воздухот која е во дозволените граници. Речиси сите мерни станици регистрираат загадување на воздухот, вклучувајќи ги и општините во Источна Македонија. Штип, Велес, Струмица, Гевгелија исто така се меѓу градовите кои утрово беа со ниво на загаденост над дозволеното. Се уште во портокаловата зона, но сепак мерните станици јавуваат дека воздухот е загаден.

Photo: mojvozduh.eu
Сепак, најзагаден утринава воздухот во Скопје, Куманово и Тетово.
Интересен индикатор на податоците кои ги споделува веб сајтот МојВоздух е тоа што загадување на воздухот, до ниво кое е над дозволените граници, се јавува речиси во сите држави од западен Балкан, а тоа го нема во градовите од западна Европа.

фото: mojvozduh.eu