ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.09.2022
Вработени во ИТ компании трчаа за децата од СОС детско село

Вработени во ИТ компании од Македонија трчаа на маратон организиран од СОС детско село, а со цел да се соберат средства за дечињата од оваа установа. На маратонот учествуваа многу компании со своите вработени, а воедно и со секое учество се донираа средства за СОС детско село.

Slice како општествено одговорна компанија често подржува вакви инцијативи. Всушност ние сме едни од најстарите учесници на оваа иницијатива и едни од ко – основачите, нашиот драг колега Ѓоко Митровски, кој денес е директор на инженеринг во Слајс Македонија, е еден од ко основачите на настанот пред неколку години. Партнерството со СОС детско село е дел од нашата стратегија за добротворна работа, се со цел да добиеме што повеќе детски насмевки, изјави Ивана Јорданова од Slice Македонија.

Ивана Јорданова – Slice Македонија

На трката учествуваа и велосипедисти, а на финишот имаше и заеднички настан кој имаше за цел да ги зближи децата од СОС детско село со ИТ компаниите, каде во иднина и би можеле да се вработат.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?