ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.09.2024
Второ издание на “ВКУСИ ГО ЈУГОТ” фестивал во Гевгелија
Автор: Goce Author

По успешното,  минатогодишно, прво издание на фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ” фестивалот во Гевгелија го најавува своето второ издание.

Овој пат локацијата е на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов, а датите на оддржување се 13-ти, 14-ти и 15-ти Септември.

Вкусна домашна храна, пијалоци и специјалитети од југот на Македонија ќе бидат достапни за дегустирање низ богатата културно-уметничка програма.

Гевгелија се вклучува на мапата на фестивалски градови во Македонија, а фестивалот “Taste The South – ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија еден препознатлив бренд на градот со голема перспектива да стане традиционален и регионален.

Очекувајте добра забава и повелете во Гевгелија да го вкусите и доживеете југот, велат организаторите.

 

Европска недела на мобилност 2024
„Младите можат“: Младите се соочуваат со стрес, анксиозност и булинг – потребни се решенија