ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.01.2022
Второто полугодие со физичко присуство, одлучи Владата

Второто полугодие од учебната 2021/2022 година ќе започне со физичко присуство на учениците. Почетокот, како што порано беше предвидено, е на 1 февруари, една недела подоцна од предвиденото, поради пандемијата од Ковид 19.

Фото: ОУ Тошо Арсов

Оваа одлука ја донесе Владата, по препорака од Комисијата за заразни болести наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците.

Одлукате е донесена и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

Влада – изолацијата се намалува на 7 дена

По објавувањето на одлуката, се интензивираа реакциите, посебно на социјалните мрежи каде подолго време родители се организираат и бараат наставата да биде онлајн, да не се носат маски во училиштата… Реакциите во најголем дел се негативни, дури се повикува на бојккот, непуштање на децата на училиште, дури и се споменува протест на 30 јануари…. Секако, ги има и другите мислења, дека треба да се оди на училиште со физичка настава, што впрочем не е ни изненадување кога станува збор за реакции на социјални мрежи, каде царуваат многу дезинформации, теории на заговор….

Во Хрватска учениците ќе се тестираат секој понеделник

За споредба, во Србија наставата се одвива комбинирано – учениците од прво до четврто одделение ќе учат со присуство во училниците, а останатите комбинирано , еден ден онлајн, еден ден со физичко присуство. Во Хрватска, нема единствена одлука на државно ниво, жупаниите донесуваат одлука поединечно, а поголем дел според информациите одат со физичко присуство. Новина во Хрватска е што учениците ќе се тестираат секој понеделник.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска