ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.01.2023
Второто полугодие започнува на 23, наместо на 18 јануари
Автор: Goce Author

Второто полугодие на учебната 2023/23 година ќе започне 5 дена подоцна од предвиденото – наместо на 18, на 23 јануари. Ова е одлука на Владата на РСМ, донесена врз основа на предлогот на Министерството за образование и наука.

 

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Шаќири најави надополнување на загубените часови во второто полугодие

Со ова практично учениците добиваат два дополнителни денови зимски распуст (среда, 18 и петок, 20 јануари), со оглед дека 19 јануари секако е неработен ден поради празникот Богојавление – Водици. Во одредени училишта сево ова дополнително ќе го опровари обработувањето на предвидениот материјал, со оглед на многуте пропуштени часови поради заканите за поставени бомби на крајот на минатата година. МОН најави дека тие часови ќе треба да се одработат, но дали тоа ќе биде така, ќе покаже второто полугодие.

Оштетените учебници ќе бидат заменети со нови
(Инфографик) Онлајн, но не безбедни: Како да го препознаеш дигиталното (сајбер) насилство?