ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.06.2023
When In Krusevo по седми пат со почеток на 30 јуни

Фестивалот „When In Krusevo“ ќе се оддржи по седми пат, годинава од 30 јуни до 02 јули во Крушево. Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.

Фото: facebook.com/wheninkrusevo/

За љубителите на адреналинските спортови ќе биде вклучено и и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен. Посетителите исто така ќе може да се искачуваат на вештачка карпа, јават на коњи, кајакарат…  Не се заборавени и велосипедистите, па ќе имаат можност да бидат дел од планинскиот велосипедизам од 20 и 10км. Оваа година за обожавателите на трките, во рамките на фестивалот ќе се одржи улична трка од 5 километри, како и trail трка, а за гурманите се спрема саем за храна и пијалаци.

За целиот настан да биде проследен со квалитетна музика ќе се погрижат Дани Димитровска и својот бенд, FUNK SHUI, SHORTY P, DJ PATSIS, DJ Bapchu, ESTEPHANO и Totsilly.

Според Петар Дамчески, еден од организаторите, очекуваат викенд полн со дружење, музика и адреналински авантури. Новитетите исто така не изостануваат.

„Поразлично од претходните години е локацијата на музичкиот дел. Оваа година ќе биде поставен на ски терените Станич (ресторан Алто). Овде има адреналински парк со активности. Како дел од музичките артисти, годинава прв пат имаме и странски изведувачи.“

За сите оние кои не се од Крушево, а уживаат во кампување, има обезбедено камп зона. Фестивалот е од отворен тип и нема возрасна граница. За најмладите е подготвено детско катче на Крушевското езеро со денска забава, јога, детска трка и многу детски игри.

Картата за ова тридневно авантуристичко дружење во Крушево е 500 денари и истата може да се купи на продажната мрежа на MK Tickets. Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности. Воедно се обезбедени влезници за Спомен куќата на Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата Никола Мартиновски.

Сите подетални информации за фестивалот можете да ги следите на овој линк.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023