ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.08.2025
Wizz Air маратон: Студентите од Штип можат да трчаат како тим на УГД – пријавувањето е започнато

Скопје на 5 октомври ќе биде центар на спортскиот дух – се одржува Виз Ер Скопски маратон 2025, најмасовната атлетска манифестација во земјата. На стартната линија ќе има место и за младите од Штип – студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Организаторите на УГД ги покриваат котизациите и превозот, а секој студент може да избере колку километри ќе издржи:

  • Маратон од 42 километри,

  • Полумаратон од 21 километар,

  • релативно „лесна“ трка од 5 километри,

  • или да стане дел од штафета – машка, женска или мешана.

„Се гледаме на старт“ – велат од Универзитетот, најавувајќи дека пријавувањето е отворено до 29 август.

Ова е повеќе од спорт – тоа е прилика младите да се обединат, да ја почувствуваат енергијата на масовен настан и да ја претворат неделата во незаборавно искуство. Повеќе информации на тел.:  072/252-052

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски