ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.02.2023
YMN со стратегија да стане препознатлива за младите од регионот
Автор: Goce Author

Мрежата на медиуми за млади „Young media network“, која обединува медиуми за млади од четири држави од регионот, во првата година од своето постоење предвидува повеќе активности.

Тие се дел од Стратегијата на која се работеше викендот во Шабац, Србија, каде беше презентирано истражувањето направено за оваа намена од страна на Асоцијацијата на независни локални медиуми „Локал Прес“ од Крагуевац, Србија. Со оглед на тоа дека Young media network има за цел да ги застапува интересите на младите и истите да ги вклучува во медиумски проекти, најголем дел од активностите ќе бидат токму во таква насока. На младите од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија преку YMN на располагање ќе им бидат најразлични обуки и курсеви, а преку програма за размена во рамки на медиумите членови на организацијата, ќе можат и да престојуваат и работат во медиуми во другите држави.

Гоце.мк дел од Young Media Network – меѓународна организација за медиуми

Веќе во оваа година, на крајот на август, мрежата на медиуми за млади ќе биде дел од организаторите на Mediamokracy камп, кој ќе се одржи во Охрид. На него, 60-тина млади од регионот ќе учествуваат на работилници, ќе креираат новонарски артикли со примена на технологиите кои се најпопуларни меѓу младите. Темата на годинашното издание на Mediamokracy кампот ќе биде заштитата на животната средина.

Мрежата активно ќе биде вклучена и во одбележувањето на Светскиот ден на млади, 12 август, а активностите се планирани да се одржат во Нови Сад, Србија. Young media network ќе востанови и годишна награда за млади, која ќе биде поттик за младите креативци од регионот.

Приоритети на YMN za 2023 – зголемување на членството

Во 2023, еден од приоритетите на мрежата за млади ќе биде и зголемување на членството, при што освен медиумите за млади, мжност да се зачленат ќе имаат и младите креативци – јутјубери, инфлуенсери, кои ќе можат да станат членови како физички лица. Исто така, мрежата треба да се прошири со членови од медиуми од други држави од регионот – Албанија, Косово, Хрватска, Словенија.

 

Освен активностите кои се најавени за 2023 година, Стратегијата ќе ги опфати и плановите за наредните три години, со кои Young media network  треба да стане препознатлива организација за младите од регионот. Од Македонија, членови и основачи на YMN досега се Гоце.мк заедно со Универзитетските медиуми на УГД и Радио МОФ.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони