
Интересот на младите за ангажман и учество во медиумите и новинарството во последните години е се помал. Со самото тоа, еден сегмент од можностите и капацитетите за учество на младите во иницирање на промени, во искажување на ставовите и креирање на подобри услови за развој и живот, останува неискористен.
Потребата од поголем ангажман на младите во медиумите е евидентна, а се потврди и на работилница на оваа тема, која се одржа во Љубљана, како дел на Еразмус проект на Yoco Join програмата. Домакин и организатор на работилницата беше списанието за млади и деца Часорис од Љубљана.
Учествуваа новинари од медиуми за млади од повеќе држави – Германија, Молдавија, Чешка, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија…
Искуствата од инволвирање на младите во медиумскиот простор ги пренесоа експерти од оваа област. Унгарските искуства ги пренесе Антал Јозинг, од медиумот nygat.hu. Тој говореше за значењето на младите во медиумскиот екосистем. Долгогодишно искуство во оваа област имаа и останатите презентери и обучувачи – Аралин Абаре Мекмане од Франција, Марија Красински од News decoder od Francija, Хенрике ван Гелдер – Kidsweek Холандија, Фани Фоман – Helsinki Sanomat од Финска, Марија Јовановиќ од Србија, како и новинарката на Casoris од Словенија, Саша Петејан.
Сепак, најзначаен дел од тридневната работилница беше она што учесниците го изработија – Акционен план за поголема вклученост на младите во медиумите. Всушност, според она што беше истакнато од учесниците, голем дел од идеите во акционите планови ги надминуваа само обидите за вклучување во медиумите, туку се однесуваа и на конкретни иницијативи, на мотивирање на младите да учествуваат во донесувањето на одлуки и иницирањето промени.
Медиумите се значаен дел од сегментот на мотивирање и ангажирање на младите, и идеите кои беа презентирани во Љубљана, на Yoco Yoin – Building bridges between local media and the next generation се одлична стартна основа за конкретни активности и чекори за вистинска реализација на овие идеи.