ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.05.2022
Youth4Regions– Повик за млади новинари

Youth4Regions е програма на Европската комисија која им помага на студентите по новинарство и младите новинари да откријат што прави ЕУ во нивниот регион.

На овој повик може да аплицираат новинари на возраст од 18 до 30  години од Европа, а истиот е отворен до 11 Јули 2022г. Европската комисија на партиципантите ќе им ги покрие трошоците за сместување, храна и превоз. Проектот ќе се одвива во периодот од 8 до 14 Октомври 2022г.

Што нуди овој проект?

-Обуки за новинарство и регионална политика на ЕУ

-Шанса да добиете менторство од етаблирани новинари од вашата земја

-Работејќи рамо до рамо со реномирани новинари за време на Неделата на регионите на ЕУ

-Посети на медиумски штабови за прашања на ЕУ и институции на ЕУ

-Уникатната можност да учествувате како новинар во прес-патувањата на Европската комисија во земјите-членки

Кои вештини треба да ги поседувате?

-Интерес за тоа што прави регионалната политика на ЕУ во вашиот регион

-Познавање во новинарството (студии или до 2 години искуство во работење)

-Граѓанин на ЕУ или соседна земја на возраст од 18 до 30 години

-Достапност од 8 до 14 октомври 2022 година

Како може   да аплицирате?

Мора да испратите кратка статија (од 2500 до 6250 знаци), фотографија или кратка видео репортажа (2 – 3 минути) што прикажува проект кофинансиран од Европскиот фонд за регионален развој (вклучувајќи го и Интеррег) или Кохезиониот фонд. Вашата работа треба да ја покрие темата на тековното издание на програмата – зајакнување на младите. Аплицирајте овде!

Повеќе информации и искуства од партиципанти во Youth4Regions може да прочитате овде.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?