На авторите и корисниците на YouTube не им се допаѓаат негативните коментари кои предизвикуваат фрустрации кај корисниците, па затоа и оваа платформа ќе ги брише.
YouTube објави дека луѓето кои оставаат агресивни и навредливи коментари веднаш ќе бидат известени дека се отстранети поради нови правила на платформата.
Ако и покрај тоа продолжат да објавуваат вакви коментари, Јутјуб ќе ги блокира 24 часа.
Во моментов, откривањето на навредливи коментари е достапно само за коментари на англиски јазик, но видео сервисот работи да вклучи што е можно повеќе јазици. На пример, предупредувањето на YouTube е достапно на англиски и шпански.
Нашата цел е истовремено да ги заштитиме авторите на видеата од корисниците кои се обидуваат негативно да влијаат на општеството со своите коментари, но и да обезбедиме поголема транспарентност на корисниците чии коментари се отстранети поради кршење на правилата, соопшти компанијата.
YouTube соопшти дека отстраниле дури 1,1 милијарди навредливи коментари во првата половина на 2022 година.
Компанијата веќе некое време тестира и голем број алатки кои би можеле да го намалат бројот на навредливи коментари. Меѓу другото, ова вклучува криење коментари, како и прикажување на историјата на коментари на профилот на корисникот.
И покрај постојаните битки на социјалните мрежи и платформи со навредливи коментари, тие сепак се голем проблем.