ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.10.2023
YouTube – креатор на нереални соништа
Автор: Goce Editor

Во сенка на премиерата на филмот The YouTube Effect која се одржуваше во киното Киноверзум во Штип, сметам дека на гледачите и слушателите им се вртат повеќе прашања во главата. “Дали YouTube е безбеден”, “Како да им објасниме на децата дека не треба да поминуваат многу време на Јутјуб”, “Дали вестите што ги читаме се точни”, “Што сѐ ни се сервира како вест, новост, тренд”…

Филмската критика ја пишува: Даница Среткоска

Технологијата зема сѐ поголем замав, а, со неа растат и социјалните мрежи и медиуми.

Ако земеме во предвид дека компанијата JYouTube се основала во 2005 година, тргнувајќи од тоа какви биле можностите на технологијата во тоа време, знаеме дека Јутјубот и не бил многу популарен.

Еволуцијата на Јутјубот настанува постепено. Од прво видео со малку гледаност во 2005 година, до 2 милијарди прегледи во 2007 година.

Луѓе од целиот свет почнале да се приклучуваат кон оваа платформа, постирајќи лични видеа, како пеат, како ги покажуваат личните таленти, да раскажуваат како си го поминале денот, односно, да снимаат влогови, песни, видеа и слично.

Голем дел од луѓето кои почнале да снимаат видеа за Јутјуб тогаш, денес веќе се богати и познати личности

Голем отскок во гледаност на оваа платформа забележуваме од 2011 година, кога имало по 3 милијарди прегледи на ден.

Со сѐ поголемата гледаност, на нагорна линија почнаа да се движат дезинформациите, воглавно пренесени преку видеа. Компанијата направила сѐ што може да спречи ширење на дезинформации, но, свесни сме дека тоа баш и не им оди од рака.

Како што напредуваше компанијата, оформија и платформа за деца (YouTube Kids), но, за жал, и видеата кои се пласираат таму не нај безбедни.

Лажната слика на платформата

Голем дел од видеата кај младата популација будат восхитувачки чувства и нереални сонови, мислејќи дека се’ тоа што го гледаат е вистинито. Вулгарноста е на прво место во речникот на дел од јутјуберите која се преточува во секојдневниот речник на младите кои ги следат.

Но, сепак, како што има негативни работи има и нешто позитивно. Има доста корисни видеа за тие што сакаат нешто плус да научат, има видеа на сите јазици кои доста помагаат во секојдневието, има доста видеа за учење на јазици, видеа за решавање на математички проблеми, доста видеа од областа на медицината кои за нас студентите се од голема помош.

Во документарецот, некои Јутјубери објаснија дека внимаваат на содржините кои ги пласираат во пошироката јавност, но, ова не можеме да го очекуваме од милиони други луѓе кои објавуваат видеа.

Воглавно, луѓето ова го гледаат низ призмата на парите, како лесна заработка, личен бизнис, профит, и едноставно не им е гајле каква содржина пласираат, се’ додека имаат прегледи и реакции.

Затоа, луѓето многу бурно реагираат на нешто што можеби и не е вистина, посебно изразено на видеа поврзани со политика, религија и Ковид вирусот…

“Иднината зависи од она што го правите денес”-па затоа она што го правиме денес нека биде покорисно од гледање на бескорисни видеа кои не можеме да ги примениме во иднина.

(Видео) Интересна, но и вознемирувачка вистина за YouTube

Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?
Дебатата како уметност на слушање: Кога убедувањето прераснува во наметнување