ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.10.2021
За љубителите на книги – пребарајте ги бесплатните страни за читање книги

Октомври е месец на книгата, по тој повод, тимот на goce.mk на сите љубители на книгата им препорачува неколку сајтови за бесплатно читање книги.

Makedonika, најголемата е-библиотека на македонски јазик. На едно место можат да се пронајдат лектири и книги од македонските класици и нови автори. Вие имате можност да го менувате фонтот, боите, позадините, имате слобода да си ја создадете книгата по ваш вкус.

BookBook, нуди над 1000 бесплатни книги за преземање. BookBook има книги за секого, во зависнот од вашата желба. На овој сајт, можете да пронајдете книги за усовршување на јазиците, програмирањето, природните науки и сл.

Amazon, нуди бесплатни книги, но и исклучително евтини. Секогаш може да се пронајде нешто интересно без разлика дали е романтика или фантазија.

За љубителите на фикција, научна фантастика, романса, го препорачуваме Free eBooks. Преку овој сајт, месечно, можете да преземете само пет книги. Откако ќе ја одберете посакуваната книга, имате можност да прочитате коментар од други корисници.

За оние кои уживаат во хорор и кратки приказни, GetFreeBooks, е најдобриот избор! Овој сајт овозможува да се пронајдат и најразлични говори како и впечатливи илустрации.

Open Library, повеќе од милион бесплатни книги. Овој сајт ви нуди и виртуелна библиотека, за полесно да го пронајдете омиленото парче книга. Оние кои уживаат во уметноста и историјата, Europeana, им е вистинскиот избор.

Library Genesis, содржи десетици илјади наслови. На овој сајт, можете да пронајдете дела напишани на српски јазик.

Менталното здравје и студентскиот живот – соочување со предизвиците
(Колумна) Детскиот карцином – најтешката борба што можете да ја замислите!