ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.06.2025
За дуално образование 1570 стипендии
Автор: Goce Author

1570 стипендии за дуално образование се предвидени за уписите во средно училишта за учебната 2025/26 година, а практична настава е предвидена во 550 компании.

Министерството за образование информира дека се зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки.

За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемија бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а се зголеми и бројот на компании кои покрај теоретската настава во училиштето, на средношколците запишани во дуалните паралелки ќе им овозможат и практична настава во 550 компании.

70% од средношколците се запишани во стручни училишта

„Ова значи дека учениците додека се школуваат, ќе стекнат и практична вештина, ќе се квалификуваат за пазарот на труд и ќе добијат можност за вработување веднаш по завршување на образованието“, информираат од МОН.

Обезбедени се 50 милиони денари, односно месечна стипендија од 3.500 денари за 9 месеци во годината, ќе добијат учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки и ќе ги исполнат условите од конкурсот кој ќе биде објавен за доделување на стипендиите.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?