20 годишната Симеона Томова од Штип повеќе од една година изработува уникатни парчиња на накит и аксесоари рачно направени од бисери. Приказната зад брендот ја започна, која на пазарот сакала да понуди нешто ново и уникатно. Идејата потекнала токму од недостатокот на ваков тип парчиња на маркетот , па така кога за едно патување и биле потребни додатоци од бисери, Симеона се обидела да ги направи сама, а исходот испаднал успешен. Во почетокот креирала парчиња само за најблиските, но денес , година дена подоцна нуди различни колекции за поголема клиентела.
„Мојата замисла беше да им ги остварам идеите на моите креативни клиенти, а и да дадам инспирација на оние кои ја бараат. Да биде катче во кое замислите се остваруваат. Денес го правам токму тоа – од цртеж, слика, идеја доаѓаме до еден готов производ. Покрај дизајните на потрошувачите, јас ја експресирам и мојата креативност, додатоци, комбинации со истите и безброј идеи кои се лесни и достапни на моите социјални мрежи.“, вели Симеона.
Може да се види дека најмногу заинтересирани се младите кои ја препознаваат приказната зад брендот, но и невестите кои одбираат некое парче од Ревуар да им го одбележи големиот ден.
Иако, поддршка и е потребна за да може дополнително да го промовира брендот, сепак смета дека со досегашните стратегии кои ги користи за промоција на социјалните мрежи, како и помошта од нејзиното семејство, се доволни да после одреден период е задоволна од заработката. Во иднина таа се надева дека Ревуар ќе порасне до степен да организира и изложби, да има продажни места и повеќе вредни раце.
„Можам да кажам дека сме еден вид на семеен бизнис, поради тоа што моите најблиски ме поддржуваат во секоја смисла. Сите ми помагаат со промоција, татко ми и брат ми помагаат во набавка, мајка ми достава, а баба ми изработка. Не би можела да правам сѐ сама, а и целокупната поддршка доаѓа од љубов и гордост на моите.“, вели Симеона.