ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.01.2022
За прв пат во историјата трансплантација на срце од свиња на човек

Недостатокот на органи за трансплантација е сериозен проблем во медицината. Затоа научниците се обидуваат да најдат алтернативен метод за да ја намалат стапката на смртност поради неможноста за трансплантација. Со пресадувањето на срце од генетски модифицирана свиња на педесет и седумгодишниот Американец Дејвид Бенет, хирурзите сметаат дека се чекор поблиску до својата цел.

Операција, изведена од тим од Медицинскиот универзитет во Мериленд, е меѓу првите такви операции чија цел е да се демонстрира можноста на трансплантација свинско срце во човечкото тело. Бенет, кој бил во терминална фаза од срцевата болест, вели дека ова било “слепа шанса”, но подобро би прифатил експериментална можност отколку да се откаже.


Најбараните професии во иднината ќе бидат во сферата на технологијата


Пациентот дише самостојно, а тимот од лекари вели дека Бенет ќе биде под постојан мониторинг во следните неколку недели.

„Срцето има пулс, создава притисок, тоа е неговото срце“, изјави главниот лекар Бартли Грифит кој ја водел операцијата. Хирургот очекува и позитивен исход.

Други свински органи кои се тестираат за трансплантација на луѓе ги вклучуваат бубрезите, црниот дроб и белите дробови. Претходните обиди за трансплантација од свињи на луѓе беа неуспешни поради генетски разлики што предизвикаа отфрлање на органите или поради вируси кои претставуваа ризик од инфекција. Научниците го решија овој проблем со отстранување на потенцијално штетните гени, односно со генетски инженеринг.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање