На Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина ќе им биде дозволено, и покрај законите на Саудиска Арабија, да живеат заедно во Ријад иако не се во брак.
Не само што двеиполгодишниот договор на португалската ѕвезда со Ал Наср е највредниот во историјата на фудбалот, туку доаѓа со дополнителен бонус.
Имено, Роналдо и неговата девојка Џорџина ќе можат да ги заобиколат саудиските закони кога е во прашање животот на невенчана двојка.
Строгите саудиски закони забрануваат соживот без обврзувачки брачен договор. Шпанските медиуми, пак, пренесуваат дека властите во Ријад ќе ги затворат очите кога е во прашање славната двојка.
Георгина Родригез: Штета е да не може да се гледа Роналдо 90 минути!
Шпанската манекенка Георгина Родригез, која беше со Роналдо за време на официјалното претставување, ќе се пресели во Ријад заедно со фудбалерот и нивните пет деца.
Триесет и седумгодишниот Роналдо потпиша договор со саудискиот прволигаш, според кој наводно ќе заработува околу 200 милиони долари годишно.